Skip to content

Што е коронарен стес тест?

Коронарен стрес тест

Коронарен стрес тест претставува безбедна, неинвазивна дијагостичка метода за дијагностицирање и евалуација на пациенти со суспектна или веќе дијагностицирана кардиоваскуларна болест, особено коронарна артериска болест, со цел навремено откривање на овие заболувања и превенција на несаканите последици од нив. При изведување на тестот, пациентот се изложува на контролиран физички напор (стрес) со цел да се испита способноста на срцето за прилагодување кон различно ниво на оптоварување.

Кога треба да се направи коронарен стрес тест?

Индикации за изведување на тестот:

Коронарен стрес тест се препорачува кај пациенти со нејасна градна болка, срцебиење, диспнеа, пациенти со промени во рутинското ЕКГ, пациенти со аритмија и со зголемен крвен притисок.

Целта на тестот е дијагностицирање на присуство на исхемична срцева болест, како и проценка на циркулацијата на срцето кај пациенти со претходно прележан миокарден инфаркт, пациенти со стент или бајпас.

Тестот се изведува рутински кај спортисти и кај пациенти кои работат на работни места со големо физичко оптоварување.

Како се изведува тестот?

Коронарен стрес тест се изведува на подвижна лента по стандардизиран протокол по Брус. За време на брзо одење по подвижна лента се следи работата на срцето.

  • Пред започнување на тестот се мери крвниот притисок и се прави ЕКГ во мирување.
  • На пациентот му се поставуваат електроди на градниот кош и манжетна за мерење на крвниот притисок, при што на екран се следат виталните параметри: артериски крвен притисок, пулс и ЕКГ.
  • Се почнува со споро одење.
  • Брзината на движење на лентата и нагибот постепено се зголемуваат (впечаток на брзо одење по нагорнина).
  • По завршувањето на оптеретувањето следува фаза на одмор од неколку минути

Тестот може да се прекине во секој момент доколку докторот или пациентот оценат дека има потреба од прекинување.

Што треба да знае пациентот пред изведување на тестот?

Пред започнување со тестот пациентот треба да биде запознаен со процедурата на тестирањето и можните компликации. Пациентите треба да бидат на лесна храна два часа пред изведување на тестот. Пациентите со хронични заболувања како дијабет, хипетензија или срцеви заболувања потребно е да ја испијат препишаната терапија. Пациентот е должен да го извести лекарот доколку чувствува било какви тегоби пред започнување на тестот. Тестот може да биде прекинат доколку пациентот или лекарот оценат дека има потреба од тоа.

Контраиндикации за изведување на коронарен стрес тест: 

Постојат одредени состојби кои се контраиндикација за изведување на коронарниот стрес тест, како: акутен инфаркт на миокардот, срцева декомпензација, нерегуларана артериска хипертензија, бронхијална астма, потешки форми на анемии, мултифокална вентрикуларна екстрасистолија, блок на лева гранка на Хисов сноп и синдром на преекситација (поради неможност за процена на електрокардиографските промени во текот и по оптоварувањето).Секој месец објавуваме промотивни понуди и акции на нашата страна на Facebook. Следете не за повеќе информации.