Skip to content

Систематски прегледи

sistematski pregled

Поликлиника МедикаС нуди разни видови на услуги од областа на медицината на трудот.

Здравствените прегледи на вработените кои се вршат од страна на овластените здравствени установи од областа на медицината на труд, при што се користат податоците од изјавата за безбедност на работодавачот.

Поликлиника Медика е овластена установа од Министерството за здравство за вршење на дејности согласно Законот за безбедност и здравје при работа

Здравствените прегледи на вработени

  • Систематски прегледии
  • Периодични преглед
  • Претходни прегледи
  • Насочени прегледи
 

Систематски прегледи

Систематски прегледи се вршат согласно стандардниот минимум, заради заштита и унапредување на здравјето и зачувување на работната способност, на секој вработен кој работи на работно место кое според проценката на ризикот на работното место, не претставува работно место со зголемен ризик.

Периодичните прегледи

Периодичните прегледи се вршат заради следење и оценување на здравствената состојба и работната способност на вработените за вршење на работи на работните места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа, постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум

Претходните прегледи

Претходните прегледи се вршат заради утврдување на здравствената состојба и работната способност за извршување на работи на работни места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа, постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум.

Насочените прегледи

Насочените прегледи се вршат заради следење и оценување на здравствената состојба и работната способност на вработените за вршење на работи на работните места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум

Зошто да не одберете нас?

Работиме во специјализирани тимови со соодветен медицински персонал со големо искуство и знаење за квалитетно и навремено извршување на сите медицински услуги и услугите од областа на безбедност и здравје при работа.

doctor

Долгогодишно искуство

Се грижиме за вашето здравје повеќе од 20 години

Мобилни тимови

Нашите мобилни тимови ја покриваат територијата на целата држава

Професионална и брза услуга

Нашиот тим го сочинуваат искусни професионалци кои ќе овозможат секогаш да добиете квалитетна и брза услуга

Најсовремена опрема

Нашата поликлиника е опремена со најсовремена опрема за сите специјалистички дејности