Поликлиника МедикаС нуди разни видови на услуги од областа на медицината на трудот.
Здравствените прегледи на вработените кои се вршат од страна на овластените здравствени установи од областа на медицината на труд, при што се користат податоците од изјавата за безбедност на работодавачот.
Поликлиника Медика е овластена установа од Министерството за здравство за вршење на дејности согласно Законот за безбедност и здравје при работа
Систематски прегледи се вршат согласно стандардниот минимум, заради заштита и унапредување на здравјето и зачувување на работната способност, на секој вработен кој работи на работно место кое според проценката на ризикот на работното место, не претставува работно место со зголемен ризик.
Периодичните прегледи се вршат заради следење и оценување на здравствената состојба и работната способност на вработените за вршење на работи на работните места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа, постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум
Претходните прегледи се вршат заради утврдување на здравствената состојба и работната способност за извршување на работи на работни места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа, постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум.
Насочените прегледи се вршат заради следење и оценување на здравствената состојба и работната способност на вработените за вршење на работи на работните места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум
Работиме во специјализирани тимови со соодветен медицински персонал со големо искуство и знаење за квалитетно и навремено извршување на сите медицински услуги и услугите од областа на безбедност и здравје при работа.
Се грижиме за вашето здравје повеќе од 20 години
Нашите мобилни тимови ја покриваат територијата на целата држава
Нашиот тим го сочинуваат искусни професионалци кои ќе овозможат секогаш да добиете квалитетна и брза услуга
Нашата поликлиника е опремена со најсовремена опрема за сите специјалистички дејности