ХОЛТЕР
Во рамките на Поликлиника МедикаС функционира и одделот за Кардиологија преку кој нудиме широка палета на услуги. Секогаш се трудиме да обезбедиме професионална и брза услуга. За да го закажете Вашиот преглед, јавете се на некој од нашите телефонски броеви.
Што е холтер?
Во различни ситуации (напор, мирување, стрес…) и во зависност од периодот на денот (будност или спиење) се менуваат вредностите на артерискиот притисок. За време на мерењето на крвниот притисок добиваме актуелни вредности на крвиот притисок во моментот на мерењето.
При лекарски преглед, вредностите на крвниот притисок често се покачени поради возбуда на пациентот (феномен на бел мантил) или остануваат ниски бидејќи прегледот за одредени пациенти не претставува ниту напор, ниту стрес. Едно мерење на крвниот притисок не ни дава комплетни податоци за вредноста на крвниот притисок во текот на целиот ден.
Кога се препорачува носење на холтер за крвен притисок?
- Рутинска дијагностичка процедура за поставување на дијагнозата хипертензија (покачен артериски крвен притисок)
- При варијабилен крвен притисок
- Кога покачените вредности на крвниот притисок тешко се докажуваат со единечни мерења
- За следење на ефектот од препишаната терапија врз намалување на хипертензијата
Како се изведува процедурата?
На надлактицата на пациентот се става манжетна која е поврзана со мало апаратче кое се носи во торбичка која е прицврстена околу појасот. Апаратот се носи 24 часа. Во текот на денот и ноќта на секој половина час, манжетната се надувува и се мери крвниот притисок и пулсот кои ги регистрира апаратот.Пациентот во текот на денот треба да ги извршува вообичаените дневни активности и да води дневник за активностите.
По 24 часа се трга апаратот и компјутерски се обработуваат и се анализираат добиените вредности. Врз основа на добиените резултати добиваме увид во дневно-ноќните варијации на крвниот притисок, пулсот и средниот артериски крвен притисок.
Зошто да не одберете нас?
Работиме во специјализирани тимови со соодветен медицински персонал со големо искуство и знаење за квалитетно и навремено извршување на сите медицински услуги и услугите од областа на безбедност и здравје при работа.
Долгогодишно искуство
Се грижиме за вашето здравје повеќе од 20 години
Мобилни тимови
Нашите мобилни тимови ја покриваат територијата на целата држава
Професионална и брза услуга
Нашиот тим го сочинуваат искусни професионалци кои ќе овозможат секогаш да добиете квалитетна и брза услуга
Најсовремена опрема
Нашата поликлиника е опремена со најсовремена опрема за сите специјалистички дејности