Во рамките на Поликлиника МедикаС функционира и одделот за Кардиологија преку кој нудиме широка палета на услуги. Секогаш се трудиме да обезбедиме професионална и брза услуга. За да го закажете Вашиот преглед, јавете се на некој од нашите телефонски броеви.
Коронарен стрес тест претставува безбедна, неинвазивна дијагостичка метода за дијагностицирање и евалуација на пациенти со суспектна или веќе дијагностицирана кардиоваскуларна болест, особено коронарна артериска болест, со цел навремено откривање на овие заболувања и превенција на несаканите последици од нив. При изведување на тестот, пациентот се изложува на контролиран физички напор (стрес) со цел да се испита способноста на срцето за прилагодување кон различно ниво на оптоварување.
Индикации за изведување на тестот:
Коронарен стрес тест се препорачува кај пациенти со нејасна градна болка, срцебиење, диспнеа, пациенти со промени во рутинското ЕКГ, пациенти со аритмија и со зголемен крвен притисок.
Целта на тестот е дијагностицирање на присуство на исхемична срцева болест, како и проценка на циркулацијата на срцето кај пациенти со претходно прележан миокарден инфаркт, пациенти со стент или бајпас.
Тестот се изведува рутински кај спортисти и кај пациенти кои работат на работни места со големо физичко оптоварување.
Коронарен стрес тест се изведува на подвижна лента по стандардизиран протокол по Брус. За време на брзо одење по подвижна лента се следи работата на срцето.
Тестот може да се прекине во секој момент доколку докторот или пациентот оценат дека има потреба од прекинување.
Пред започнување со тестот пациентот треба да биде запознаен со процедурата на тестирањето и можните компликации. Пациентите треба да бидат на лесна храна два часа пред изведување на тестот. Пациентите со хронични заболувања како дијабет, хипетензија или срцеви заболувања потребно е да ја испијат препишаната терапија. Пациентот е должен да го извести лекарот доколку чувствува било какви тегоби пред започнување на тестот. Тестот може да биде прекинат доколку пациентот или лекарот оценат дека има потреба од тоа.
Постојат одредени состојби кои се контраиндикација за изведување на коронарниот стрес тест, како: акутен инфаркт на миокардот, срцева декомпензација, нерегуларана артериска хипертензија, бронхијална астма, потешки форми на анемии, мултифокална вентрикуларна екстрасистолија, блок на лева гранка на Хисов сноп и синдром на преекситација (поради неможност за процена на електрокардиографските промени во текот и по оптоварувањето).
Работиме во специјализирани тимови со соодветен медицински персонал со големо искуство и знаење за квалитетно и навремено извршување на сите медицински услуги и услугите од областа на безбедност и здравје при работа.
Се грижиме за вашето здравје повеќе од 20 години
Нашите мобилни тимови ја покриваат територијата на целата држава
Нашиот тим го сочинуваат искусни професионалци кои ќе овозможат секогаш да добиете квалитетна и брза услуга
Нашата поликлиника е опремена со најсовремена опрема за сите специјалистички дејности